“Во октомври 2021 година, Свемек успешно ја помина дводневната ревизија спроведена од Achilles за да стане целосно регистриран снабдувач на мрежата Achilles.
Свемек учествуваше како изложувач на дигиталното изданиена HANNOVER MESSE преку „Mazedonien Gemeinschaftsstand“ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозотпод мотото „Целиот технолошки свет доаѓа во Хановер“.
На саемот, компаниите имаа можност да закажат состаноци преку Интернет, да учествуваат на Б2Б состаноци, да се поврзат со контакти, да споделуваат дигитални презентации и да учествуваат на форуми на различни теми од областа на технологијата.
Свемек учествуваше на „Меѓународниот машински форум 2021 - Фабрика на иднината“, виртуелна конференција организирана од WKO Aussenwirtschaft Австрија и нивниот партнер Европска мрежа на претпријатија.
Настанот понуди пристап до врвни презентации, говорници преку Б2Б мрежна платформа и 1: 1 состаноци преку видео конференции со потенцијални партнери за проекти, клиенти, купувачи, државни министерства и др.
Успешна ресертификација на двата ИСО стандарди 9001:2015 и 14001:2015 од страна на LL-C Certification од Република Чешка.
Свемек учествуваше во Виртуелната платформа за шестата иницијатива за набавка на Западен Балкан Б2Б, поддржана од германските стопански комори (АХК) и Здружението за управување со снабдувачки синџири, набавки и логистика (БМЕ).
Виртуелните средби овозможуваат пристап до пазарите за набавки во време на пандемија.
Свемек зема учество на третото по ред издание на меѓународната конференција и бизнис настан за деловно поврзување (В2В) во Северна Македонија за компании од лесно преработувачката индустрија - Macedonia Manufacturing Expo 2019.
Дводневната конференција вклучуваше 9 едукативни панели и работилници, саемско претставување на компании и Б2Б средби.
На настанот земаа учество повеќе од 130 компании.
Свемек зема учество на Саемот за “Интегрирана Индустрија” во Хановер Германија, каде повеќе од 6,500 изложувачи и 215,000 посетители се собраа на едно место за надминување на технолошките и секторските граници, пронаоѓање на нови пазари за бизнис, пренос на знаење и идентификација и искористување на најновите трендови на пазарот.
Учество на средба за вмрежување помеѓу мултинационалните и домашните компании во Македонија
Успешна транзиција во новиот ИСО 14001:2015 стандард за заштита на животната средина
Свемек успешно изврши ресертификација во новите ИСО стандарди со кои потврдува дека работи според најновите стандарди во индустријата.
Свемек учествуваше на втората средба на инвеститори од дијаспората, каде инвеститорите на тркалезна маса ги презентираа нивните предлози и проблеми со кои се соочуват пред претставници на државни институции.
Учество на “Macedonian Manufacturing Expo” конференција за вмрежување на компаниите од лесна металопреработувачка индустрија со странски купувачи. Конференцијата ќе се одржи во Александар Палас во Скопје со цел да се привлечат странски фирми за соработка со Македонски добавувачи.
Учество на “Thessaloniki International Fair (TIF)“ во Грција како излагачи во павиљон 16 / Штанд 15. Како излагачи се стремиме кон привлекување на странски фирми за можна идна соработка. Учество на Саеми е доста важно за воспоставување на личен контакт со потенцијални купувачи.
Свемек станува членка на Стопанската Комора на Македонија како и во Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори.
Свемек станува членка на Асоцијацијата на метална и електро индистрија (МАМЕИ) со цел да се вмрежиме со потенцијални купувачи и добавувачи од Македонија.