Политика за Приватност

Генерални информации

Свемек ДОО го почитува Вашето право на приватност. Со Политиката за заштита на лични податоци се уредува начинот на собирање, обработка и чување на личните податоци преку нашата веб страна www.svemek.mk. Свемек е Контролор на лични податоци а сите физички и правни лица кои се посетители на нашата веб страна се Субјекти на лични податоци. Прибирањето и обработката на личните податоци преку веб страната на Свемек е во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Р.С.Македонија (во натамошниот текст ЗЗЛП).

Сите потребни информации во врска со прибирањето и обработката на личните податоци можете да ги добиете преку Офицерот за заштита на лични податоци во Друштвото:

Кристина Росалиа

Тел: 070/335-671

Емаил: k.gacova@svemek.mk

Како ги собираме Вашите податоци

Личните податоци се собираат директно од лицата на кои се однесуваат личните податоци: купувачите, посетителите (физички и на веб страницата), преку пошта и електронска пошта, телефонски како и индиректно од физички или приватни субјекти кои ги следат нашите профили на социјалните мрежи.

За да ја добиете конкретната услуга или одговор, од Вас ќе биде побарано да ги обезбедите доброволно податоците кои се потребни за таа цел. При посета на нашите профили на социјалните мрежи, може да бидат собрани податоци автоматски, усогласени со политиката за приватност и правилата на соодветната социјална мрежа.

Нашата веб страница овозможува директен контакт со нас преку „Контакт“ или преку е-маил адреса, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите барања. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

При посета на нашиот веб сајт, не се врши автоматско прибирање на лични или не-лични податоци.

Cookies/Колачиња - Технологија на следење

Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот. Оваа веб страница не употребува cookies и технологија на следење.

Заштита на Вашите лични податоци

Свемек користи соодветни технички безбедносни мерки за заштита на личните податоци од незаконскa употреба на истите како и од губење, уништување или неовластен пристап. Вашите лични податоци можат да бидат обработени од трето лице (обработувач) само доколку условите се предвидени со закон и доколку обработувачот се согласи да ги примени истите технички безбедносни мерки за заштита. Само овластени лица имаат пристап до Вашите лични податоци.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци

Роковите во кои се чуваат податоците зависи од намената за која ги имате испратено. Личните податоци ги чуваме во согласност со ЗЗЛП за период кој е неопходен за исполнување на целите за кои ги обработуваме или за исполнување на законските обврски. За дополнителни информации за времетраењето на чување одредени лични податоци пред да бидат избришани од нашите систеи на податоци, можете да контактирате со офицерот за заштита на лични податоци.

Промени во Политиката за заштита на лични податоци

Политиката за приватност на Свемек може да претрпи одредени измени соодветно на настанатите промени во законската регулатива, применливите прописи за заштита на личните податоци како и промени на активностите на нашата веб страна.